Насловна / Вести / ЕУ: Прва фабрика за рециклирање на батерии од електрични автомобили

ЕУ: Прва фабрика за рециклирање на батерии од електрични автомобили

Полска станува првата членка на ЕУ која ќе рециклира литиум-јонски батерии. Со помош на кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во износ од 25 милиони евра, Полска ќе стане првата држава во Европската Унија (ЕУ) во која ќе се рециклираат батерии од електрични возила и друг отпад кој содржи метали. Финансирањето на ЕБОР на полската компанија Elemental Holding, која се занимава со собирање и рециклирање на метали и електричен отпад, е дел од поширока финансиска програма за изградба на тој пионерски погон, кој ќе биде еден од првите во светот и во кој помеѓу останатото ќе се обработуваат и истрошените литиум-јонски батерии од електричните возила. „Ова е извонреден пример за тоа како новата технологија и напредокот одат рака под рака со зелената економија. ЕБОР активно ја поддржува амбициозната агенда на Полска да стане економија со низок удел на јаглерод и веќе има финансирано неколку големи проекти во подрачјето на електромобилноста со домашни и странски инвеститори“ рекол Frederic Lucenet, директор во ЕБОР за прозиводство и услуги.  „Овој проект ја оцртува стратегијата на Elemental Holding, која е насочена во повторно користење и прочистување на суровините, со примена на нискојаглеродни технологии и иновации“ изјавил  Michal Zygmunt, потпретседател на Elemental Holding. Благодарение на овој проект, ЕБОР ќе ги намали емисиите на стакленички гасови и ќе ја поддржи циркуларната економија во електромобилноста.

elemental1

elemental2

Испрати коментар

Scroll To Top