Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / ЕУ: Правосмукалки само до 1600 W

ЕУ: Правосмукалки само до 1600 W

Energy_Label_1_
Според Директивата на ЕУ, кoја стапи на сила од 1 септември, во Европската Унија е забранет увозот и продажбата на правосмукалки со моќност поголема од 1.600 W. Се предвидува корекција на максималната моќност и на околу 30 други апарати, меѓу кои и феновите за коса.

Новите правила се дел од Директивата за енергетска ефикасност, а според неа се планира до 2017 година ниту една правосмукалка во ЕУ да не биде над 900 W.

Здруженијата на потрошувачи реагираа на ваквата одредба, нагласувајќи дека новите правила само ќе го зголемат времето на користење на апаратите, бидејќи тие ќе бидат послаби. На листата се најдоа и телевизорите, машините за садови и фрижидерите, но се потенцира дека листата не е конечна.

Испрати коментар

Scroll To Top