Насловна / Вести / ЕУ постигна договор за првите сеопфатни правила за вештачка интелигенција

ЕУ постигна договор за првите сеопфатни правила за вештачка интелигенција

Претставниците на земјите членки на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор за правилата за користење на вештачката интелигенција, објави европскиот комесар за внатрешни пазари, Тиери Бретон.

Договорот за правилата за вештачка интелигенција (ВИ) е постигнат во Брисел по речиси 15 часа преговори и речиси 24 часа дебата, пренесува Ројтерс.

eu

„Европа се позиционираше како пионер, разбирајќи ја важноста на нејзината улога во поставувањето глобални стандарди. Ова е, верувам, историски ден“, рече европскиот комесар за внатрешни пазари Тиери Бретон на прес-конференција.

Договорот бара моделите како ChatGPT и системите за општа намена (GPAI) да бидат усогласени со обврските за транспарентност пред да се најдат на пазарот.

Ова подразбира изработка на техничка документација, во согласност со регулативите за авторски права на ЕУ, како и обезбедување детални информации за содржините што се користат за обука за вештачка интелигенција.

Исто така, договорот се однесува и на правилата за употреба на ВИ во биометрискиот надзор.

Испрати коментар

Scroll To Top