Насловна / Вести / ЕУ подготвува замена за руското нуклеарно гориво

ЕУ подготвува замена за руското нуклеарно гориво

evropa rusija

Американската компанија за нуклеарна енергија Westinghouse и осум европски компании кои го сочинуваат европскиот конзорциум, добиле  финансиски средства од ЕУ наменети за воспоставување сигурност во снабдувањето со нуклеарно гориво за реакторите во ЕУ кои се изградени по руска технологија.

Во пет земји членки на ЕУ: Бугарија, Чешка, Словачка, Унгарија и Финска работат вкупно 18 реактори кои се 100%  зависни од испораките на нуклеарно гориво од Русија. Во нашето соседство на пример, Бугарија има руски реактори ВВЕР (Вода-Вода Енергетски Реактор) 1000, во НЕЦ Козлодуј. Ангажираните компании имаат задача да пронајдат соодветна алтернатива за руското нуклеарно гориво.

Покрај оваа иницијатива, ЕУ во рамките на програмата ‘Horizon 2020’ го финансира проектот  ESSANUF,  со истата цел. Westinghouse ќе биде координатор на проектот, во кој меѓу другите е вклучен и Украинскиот национален научен центар „Харковски физичкотехнички институт“.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top