Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархељи, на состанокот на иницијативата Берлински процес, одржан во Тирана, изјавил дека ЕУ е подготвена во партнерство со Црна Гора да го гради терминалот за течен природен гас (ТПГ) во пристаништето Бар. Притоа, црногорскиот премиер Абазовиќ потсетил дека владата веќе има потпишано меморандум со американски инвеститори во врска со изградбата на овој терминал.
Меморандумот претставува израз на определеноста на потписниците да започнат разговори и активности со цел реализација на два енергетски инфраструктурни проекти. Првиот проект е изградба на фиксен терминал за увоз на ТПГ во Црна Гора и негово понатамошно складирање, регасификација и транспорт. Вториот проект подразбира изградба на гринфилд термоелектрана на гас, која ќе биде снабдувана со гориво преку терминалот.