Европската унија ги ажурира своите правила за означување на енергетската ефикасност кај пневматиците и ги проширува и на пневматиците за тешки товарни возила – автобуси и камиони. Советот на ЕУ, го усвои преговарачкиот став за предложените нови правила, соопштувајќи дека ознаките ќе бидат видливи за потрошувачите и ќе содржат информации за однесувањето на снежна и замрзната подлога. „Новите правила ќе им овозможат на купувачите поквалитетни информации, а исто така и избор на посигурен и поефикасен производ. Тие ќе придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови на улиците, и така ќе помогнат на ЕУ во исполнувањето на своите обврски од Парискиот догвор“, истакнал Антон Антон, романскиот министер за енергетика и претседател на Советот на ЕУ. Освен пошироката примена на постоечката регулаторна рамка, новите барања за приказот на налепниците вклучуваат продажба на пневматици на далечина и преку интернет. Ажурираните ознаки на тој начин ќе ја подобрат видливоста на тие производи кај купувачите. Новата регулатива е чекор напред кон создавањето на обврска за впишување на пневматиците во база на податоци.
Инаку, патниот сообраќај е одговорен за околу 22% од вкупните емисии на стакленички гасови во ЕУ, а пневматиците главно поради триењето се одговорни за 5-10% од потрошувачката на гориво во возилото.