Европската Комисија предложи усвојување на итна уредба за забрзување на изградбата на енергетските постројки во областа на обновливите извори на енергија, во склоп на планот да се заврши зависноста на Европската унија од руските фосилни горива. Во планот REPowerEU, веќе е предвидено административните процедури да се поедностават, но и ситуацијата на пазарите на енергенти во меѓувреме е влошена, па потребно е неодложно дејзтвување, велат во извршното тело на ЕУ. Соопштено е дека новите прописи ќе важат една година, и дека Европскиот совет треба да ги воведе со цел премостување на периодот до стапување на сила на новата верзија на Директивата за обновлива енергија. Оваа година, ЕУ е на пат да го зголеми капацитетот на постројките од обновливи извори на 50 GW, двојно повеќе од 2021. Фотонапонските централи на покривите и мини соларните електрани до 50kW, се ослободуваат од обврската за проценка на влијанието врз животната средина. Мрежата на еколошки организации European Environmental Bureau, соопштила дека тој потег се планира на штета на системот за заштита на животната средина и механизмите на демократкса контрола, што ќе предивика правна несигурност.
Од друга страна, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, задолжен за Европскиот зелен договор, изјавил дека акцентот е ставен на „области каде постојат силни докази дека нема да има причини за загриженост, на пример фотонапонски системи на постоечки или веќе проектирани објекти, како и надоградување на капацитетите на постоечките електрани кои се при крајот на својот експлоатациски век“. Во суштина, во предлогот стои дека треба да се прогласи статус “повисок јавен интерес“ за фотонапонските системи, топлинските пумпи и другите електрани на обновливи извори, како и да се воведат пократки рокови за издавање на потребните дозволи.