Европската комисија се заложи Европската унија до 2050 година да има вкупно нула емисии на штетни гасови, барање кое е од научниците за да се избегнат катастрофите од глобалното затоплување.
Европската унија е првата голема економија која ќе постигне климатска неутралност во текот на следните три децении. Планот, кој беше објавен во пресрет на глобалниот самит за климата, е далеку поамбициозен од целите поставени од страна на голем број земји-членки на ЕУ.
Комесарот за клима, Migel Arias Kanete го наведе неодамнешниот извештај од страна на научниците во кој се предупредува на смртоносни последици за многу видови на Земјата како резултат на растот на температурата.
“Ова е навистина еден повик за будење”, рече Arias Kanete за новинарите во Брисел, додавајќи дека “денес ЕУ одговори на повикот.”
Експертите велат дека прекинувањето на употребата на фосилни горива и процесот за декарбонизација е една од најважните мерки потребни за да се постигнат целите на договорот за климата од Париз од 2015 година, а кои велат дека треба да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени до крајот на векот.
Вкупната нулта емисија би значела дека сите емисии на стакленички гасови треба да ги апсорбираат шумите или новите технологии кои можат да го отстранат јаглеродот од атмосферата.
Arias Kanete рече дека алатката за постигнување на оваа цел веќе постои. “Ние не измислуваме тркало”, додаде тој.
Сепак, Arias Kanete додаде дека се потребни значителни инвестиции во европската економија за да се овозможи да се менуваат фосилните горива и дека тоа треба да се направи во еден социјално прифатлив начин.
Предлогот на Европската комисија, кој го поздравија еколошки организации, не е обврзувачки, но тоа е дополнителен притисок врз земјите-членки што се спротивставуваат на поставување на повисоки цели за намалување на емисиите на стакленички гасови.