Претставниците од шест политички групи во Парламентот на Европската Унија, преку заедничко писмо побараа поддршка за обезбедување на имплементација на Уредбата за механизмот на мониторинг (MMR), како и за стратегија за ниско-јаглероден развој и зајакнување на соработката во областа на енергетиката во Југоисточна Европа. Писмото е упатено до највисоките претставници на Европската комисија, меѓу кои и на одговорниот за енергетска и климатска политика. Имајќи предвид дека Енергетската заедница, со поддршка на Европската комисија, во моментот работи на мерките за стапување на сила на MMR, парламентарците бараат политичкото значење на овие активности да се пренесе на највисоко ниво, со цел елиминирање на сите административни препреки. Во писмото се истакнува дека Европската комисија ја поддржува Енергетската заедница во областа на јакнење на регионалната соработка по прашањата на климата и транспонирањето на ЕУ директивите.
Garret Tankosić-Kelly од Фондацијата Мрежа за промени во Југоисточна Европа (SEE Change Net) изрази задоволство од потегот на парламентарците, што покажува дека тие не заборавиле на граѓаните од Југоисточна Европа. Бараат поддршка од највисоко ниво за да ни помогнат да станеме ниско-јаглеродни општества, што значи почист воздух, повеќе работни места и ЕУ стандарди – истакнува Tankosić-Kelly.