Преку Инструментот за поврзување на Европа (Connecting Europe Facility – CEF), Хрватска доби 102 милиони евра неповратни средства за изградба на терминалот за течен природен гас (ТПГ) на Крк. Се работи за еден од најзначајните проекти за сигурно снабдување со гас, не само на национално туку и на регионално и европско ниво. Одлуката за кофинансирање на овој проект е донесена на состанокот на Координациониот одбор на CEF одржан минатата недела.
Инаку, проектот за изградба на терминал за ТПГ на Крк е прогласен за стратешки проект за Хрватска и се наоѓа на листата проекти од заеднички интерес за ЕУ. Почетокот на работите е предвиден за 2019 година, а вкупната инвестиција чини 363 милиони евра.
Извор: energetika-net