Насловна / Вести / ЕУ одобри 2,1 милијарди евра за 14 инвестициски проекти во Западен Балкан

ЕУ одобри 2,1 милијарди евра за 14 инвестициски проекти во Западен Балкан

Европската комисија одобри нов финансиски пакет вреден 2,1 милијарди евра за поддршка на 14 инвестициски проекти во областа ан сообраќајот, енергетиката, животната средина, човечкиот капитал и приватниот сектор на Западен Балкан. Петтиот инвестициски пакет е дел од европскиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан, кој предвидува 9 милијарди евра неповратни средства со цел мобилизација на вкупно 30 милијарди евра вложувања. Планот е објавен во октомври 2020 година.

14projects1

Проектот „Зелен транспорт Тирана“, ќе создаде градски систем на брз транспорт со електрични автобуси (e-BRT), со цел да се намали загадувањето на воздухот и сообраќајните гужви. Е-BRT системот ќе се потпира на електрични автобуси со батерии со паметна стратегија на полнење. Проектот е проценет на 111,3 милиони евра, додека грантот е во висина од 32,1 милиони евра.

Босна и Херцеговина добила средства за два проекта. Сараевскиот проект за водоснабдување (вредност 32,2 милиони евра и грант од 2,6 милиони евра) би требало да ги намали загубите на вода, со замена и рехабилитација на застарената мрежа и пумпни станици, како и овозможување на околу 4.000 нови приклучоци за домаќинствата. Исто така, проектот има за цел и подобрување на вкупната ефикасност на водоснабдувањето во пошироката област на кантонот Сараево. Вториот проект е санација на пумпно акумулационата хидроцентрала „Чапљина“. Нејзината улога е од суштинско значење за зголемување на уделот на обновливи извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Модернизацијата би требало да го продолжи животниот век на електраната за уште 15 години. Вредноста на проектот е 18,9 милиони евра, со грант од 3,1 милиони евра.

14projects2

Македонија доби средства за инвестиции во електроенергетската мрежа и енергетската ефикасност. Преносната мрежа во југоисточниот регион ќе биде зајакната, со цел да се овозможи интеграција на обновливите извори на енергија. Проектот е вреден 34,7 милиони евра, а добива грант од 8 милиони евра. Проеектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор е фокусиран на јавните згради, како и на воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност. Проектот е проценет на 27,5 милиони евра, со грант од 2,2 милиони евра.

Србија доби средства за модернизација на хидроцентралата „Бистрица“, како и за мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Рехабилитацијата на ХЕ „Бистрица“ ќе чини 40,9 милиони евра, со грант од 7,7 милиони евра. Проектот под името „Унапредување на енергетската ефикасност и интегрирано управување со енергија на кампусот технички факултети во Белград“, треба да резултира во енергетски ефикасен кампус. Ќе се изгради нов универзитетски центар од 30.000 метри квадратни, како и реновирање на постоечките објекти со површина од 93.000 метри квадратни. Проектот е проценет на 169,6 милиони евра, со грант од 21,5 милиони евра.

Сите шест земји од Западен Балкан ќе бидат корисници на проектот за Промовирање на зелено кредитирање на Западен Балкан (II), кој го спроведува Фондот за зелен развој (Green for Growth Fund – GGF).

 

Испрати коментар

Scroll To Top