Напорите на Европската Унија во насока на намалување на емисијата на јаглерод диоксид во енергетскиот сектор ќе дадат само поливични резултати, бидејќи штетните емисии ќе бидат намалени само за половина од проектираната потребна количина која би го ограничила глобалното затоплување до 2050 година.
За да се намали емисијата за 80-95% до 2050 година во однос на 1990, со цел да ги избегнат катастрофалните климатски промени, Европа мора да штеди енергија и да произведува повеќе “зелена” енергија. Но, според извештајот на Европската Комисија “Трендови до 2050 година”, ЕУ е на пат да ја намали емисијата на јаглерод диоксид за 44% до 2050 година, односно половина од првично предвиденото.
Според тоа, овој извештај ја нагласува потребата од поставување нови цели за периодот до 2030, на што посебно укажуваат и приврзаниците на обновливите енергетски извори.
Извор: Energyobserver