Насловна / Вести / ЕУ објави план за развој на обновливи извори на енергија вреден 221 милијарда долари

ЕУ објави план за развој на обновливи извори на енергија вреден 221 милијарда долари

Европската Комисија најави вложувања во износ од 221 милијарда евра, со намера да го зголеми уделот на обновливите извори на енергија од 40 на 45% до 2030 година, и ЕУ да стане независна од риските јаглеводороди.  Со предлозите на Комисијата, вкупните капацитети на ЕУ за производство на енергија од обновливи извори би се зголемиле на 1236 GW до 2030 година, со поголемо потпирање на соларната и енергијата од био метан, како и забрзана електрификација на погоните кои користат фосилни горива.

repower2

 

Како дел од планот, Von der Leyen ветува дека ќе се забрза издавањето на дозволи за развој на инфраструктура за постројки на обновливи извори на енергија. Овој т.н REPowerEU план, предлага удвојување на моменталните соларни фотонапонски капацитети во ЕУ до 2025 година, со задолжителна обврска за поставување на фотонапонски панели на покривите на јавните објекти.  Се планира интензивните вложувања во соларната енергија да обезбедат супституција на околу 9 милијарди метри кубни гас до 2027 година.

repower1

 

Испрати коментар

Scroll To Top