Европската комисија предложи воспоставување на нови 10 европски партнерства помеѓу Европската Унија, членките и/или индустриите со цел да се забрза преминот кон зелена, климатски неутрална и дигитална Европа, и да се постигне европската индустрија да биде поотпорна и поконкурентна. Станува збор за партнерствата „Глобално здравје“ EDCTP3, „Иницијатива за иновативно здравје“, „Клучни дигитални технологии“, „Европа како циркуларна биоекономија“, „Чист водород“, „Чист воздушен сообраќај“, „Европски железници“, „Истражување за управување со воздушниот сообраќај на единственото европско небо 3“, „Паметни мрежи и услуги“ и „Метрологија“. ЕУ ќе обезбеди финансиски средства во износ од речиси 10 милијарди евра, а партнерите преку сопствени вложувања ќе обезбедат уште најмалку 10 милијарди евра. Се очекува дека со ваков комбиниран придонес ќе се мобилизираат дополнителни вложувања за поддршка на транзициите и ќе се создадат долгорочни позитивни влијанија врз вработувањето, животната средина и општеството.
Целта на предложените институционализирани европски партнерства е да се подобри подготвеноста и одговорот на ЕУ на заразните болести, да се развијат ефикасни воздухоплови со ниско ниво на емисии, да се поддржи користењето на обновливи извори на енергија, да се обезбеди водечка позиција на Европа во дигиталните технологии и инфраструктура, и да се зголеми конкурентноста на железничкиот превоз.