Изградбата на новиот Центар за управување со отпад во околината на Загреб, ќе биде сериозно поддржано со средства од ЕУ. Имено, потпишан е договор со кој Град Загреб боби на својата сметка над 3 милиони евра неповратни средства од Оперативната програма на ЕУ „Конкурентност и кохезија“. Овие средства ќе бидат искористени за Студија и проектната документација. Овој Центар ќе се грижи за отпадот не само од Загреб туку и од целата Загребачка жупанија, со што ќе се подобрат значително состојбите во овој сегмент од заштитата на животната средина, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните.
Хрватска, најмаладата членка на ЕУ досега има добиено значителни неповратни средства од ЕУ фондовите, особено за проекти од областа на заштитата на животната средина и инфраструктурата.