Европската унија нема планови за воведување на квоти за електрични возила во автомобилскиот сектор, кој се обидува да зајакне по скандалот на „Фолксваген“ со издувните гасови на дизел моторите. – Генерално гледано, Комисијата разгледува начини да го промовира користењето на енергија со ниска емисија на јаглерод диоксид и во транспортот, но ниту еден од нив не вклучува квоти за електричните автомобили, соопшти претставничка на ЕУ. – Ние не правиме дискриминација меѓу различните технологии, додаде таа.