Насловна / Вести / ЕУ не може да ги надмине поделбите околу предгогот за поддршка на нуклеарките

ЕУ не може да ги надмине поделбите околу предгогот за поддршка на нуклеарките

Ориентацијата на ЕУ кон енергија од обновливи извори е разводнета во 2022 година со политички компромис. Германија била одлучна во намерата да ги затвори своите последни нуклеарни електрани и се потпре меѓу другото и на фосилни горива, а Франција и натаму цврсто стои во намерата да не се откаже од своите нуклеарни електрани. Во тој сектор, таа е прва во Европа и пошироко. Франција цврсто ја застапува тезата дека земјите од ЕУ со нуклеарки можат да остварат безбедност во снабдувањето и дека се неопходни за декарбонизација.   Така и гасот и нуклеарната енергија во т.н климатска таксономија на ЕУ добија зелени ознаки, а потоа и во другите прописи и закони. Сепак, постојат услови, кои сеуште не се целосно дефинирани. За нуклеарната енергија ќе важат многу построги прописи, а проектите за гасна инфраструктура може да добијат субвенции исклучиво доколку можат во целост да се префрлат на водород. Сега тие и формално се сметаат за преодни решенија за декарбонизацијата. Но, на компаниите кои се занимаваат со нуклеарки им се потребни гаранции. Тие истакнуваат дека станува збор за долгорочни инвестиции. Освен тоа, перспективата за водородот е неизвесна. Потенцијален адут е зелениот водород, но тој е далеку од точката да биде комерцијален конкурент на другите начини на производство на водород.

Франција и земјите кои се на линија на развој на нуклеарната енергија, минатата година со месеци ги блокираа измените на Директивата за обновлива енергија, RED3. Т.н „Пријатели на обновливите“ (Friends of Renewables) ја нагласуваат предноста од давање приоритет на зелената енергија и пратечките системи. И двата табота, укажуваат на проценката на влијанието кое Европската Комисија неодамна ја објави, за мерките кои би ја направиле ЕУ климатски неутрална до 2050 година. Се препорачува варијанта во која годишните нето емисии до 2040 година би биле најмалку 90% пониски отколку во 1990 година. За правната рамка з адејствување после 2030 година, допрва треба да се преговара.

1_15

Декларацијата за нуклеарни електрани досега ја имаат потпишано 12 земји:Бугарија, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Унгарија, Холандија, Полска, Романија, Словачка и Шведска. Но, треба да се напомене дека Белгија, која претседава со ЕУ и во моментот е неутрална, исто така планира да го продолжи рокот на своите две нуклеарки. Во таа земја се јавува и иницијатива за инсталирање на еден мал модуларен реактор (SMR). Владата на Италија настапила само во својство на набљудувач, но и таа земја ја разгледува можноста за изградба на такви постројки. Слични планови имаше и Естонија, но сепак овојпат застана на страната на „Пријателите на обновливите“. Во групата земји „Пријатели нa обновливите“ се и: Холандија, Италија, Австрија, Данска, Германија, Грција, Шпанија, Ирска, Луксембург, Летонија, Малта и Португалија.

1_16

Нуклеарни електрани сеуште с еоперативни во 12 држави членки: Белгија, Бугарија, Шешка, Финска, Франција, Унгарија, Холандија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска. Хрватска има удел од 50% во единствената нуклеарка во Словенија, Германија пред една година ги затвори сите нуклеарки, а Шпанија ќе го стори тоа најдоцна до 2035 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top