Земјите членки на ЕУ, се договорија за предлогот на Комисијата за инвестирање на 1,037 милијарда евра во пет прекугранични инфраструктурни проекти во рамките на Инструментот за поврзување на Европа (CEF) за трансевропската енергетска мрежа. CEF финансиски ќе поддржи четири проекти за изградба и една студија. Најголемиот дел од средствата ќе одат за интерконекторот EuroAsia (657 милиони евра), како и за поддршка на првата електроенергетска интерконекција помеѓу Кипар и европската мрежа. За втората фаза на проектот Балтичка синхронизација, се доделени 170 милиони евра, проект кој предвидува надградба на електроенергетското поврзување на балтичките земји.
Далеководот Aurora, помеѓу Шведска и Финска добил 127 милиони евра. За проширување на подземното складиште на природен гас Чирен во Бугарија, доделени се 78 милиони евра. За петтиот проект, и единствен кој не се однесува на изградба, туку станува збор за Студија за транспорт и складирање на CO2 во Норвешка, во склоп на проектот „Северна светлина“, обезбедени се 4 милиони евра.