Насловна / Екологија / ЕУ ќе им плаќа на хрватските рибари да не ловат риба

ЕУ ќе им плаќа на хрватските рибари да не ловат риба

74845873Брисел во втората половина на годината на хрватските рибари ќе им понуди можност да ја напуштат својата работа, а притоа ќе им исплати паричен надомест за бродот и за рибарската дозвола, пренесуваат хрватските медиуми. Се работи за т.н “scraping“, долгогодишна практика во Европската Унија, со кој се настојува да се намали националната рибарска флота и да се зачува загрозениот рибен фонд.

За дел од рибарите тоа е почеток на крајот за риболовната флота и долгогодишната традиција, додека пак дел од нив се прилично заинтересирани за оваа можност, бидејќи работата им станува се потешка и потешка. Првите конкурси за откуп на бродовите, надлежните ги најавуваат за крајот на годината, а до тогаш јасно ќе бидат утврдени условите. Драстично намалување на рибарската флота нема да има бидејќи средствата за спроведување на програмата се ограничени.

Испрати коментар

Scroll To Top