Во светот во кој климатските промени се сериозна закана, се повеќе граѓани на Европската унија стануваат свесни за влијанието кое потрошувачката го има врз животната средина. Затоа, бројни компании своите производи и услуги лажно ги претставуваат како „зелени“ и одржливи. За да ги заштити граѓаните и животната средин, Европската комисија предложи мерки за сузбивање на т.н „гринвошинг“, како и за остварување на правото на поправка, кое е битно за воспоставување на циркуларна економија. Предлогот на директивата во случај да биде донесена, ќе ги заштити потрошувачите од лажниот зелен PR. Целта е да се спречи појавата на производи со ознака „зелен“ или одржлив на пазарот, освен ако компанијата навистина не го докаже тоа тврдење. Во спротивно предвидени се строги казни.
Имајќи предвид дека потрошувачите се повеќе се грижат за влијанието кое нивната потрошувачка го има врз животната средина, 75% од производите на пазарите на ЕУ носи експлицитна или имплицитна зелена ознака. Но, како што истакнува Европското биро за животна средина (EEB), најголемиот дел од нив се нејасни или неиздржани. За усогласувањето со стандардите поврзани за половината од 230 еко ознаки кои се користат во ЕУ, речиси воопшто не се преговара. Предложено е воспоставување на минимални правила за компаниите за докажување на тврдењата за тоа колку „зелени“ им се производите. Покрај тоа, би било забрането користењето на било кој систем за оценување на производ кој не е заснован на заедничките правила на ЕУ. На предлогот му недстасува јасна забрана на тврдењето за јаглеродна неутралност и означувањето како зелени на производите кои содржат хемикалии.
Европската комисија предложила и донесување на директива за заеднички прописи за поттикнување на поправка на производите. Така потрошувачите во текот на перидот на гаранција, но и после тој период, ќе можат да остварат право на поправка. Предлогот има за цел да им овозможи на потрошувачите полесен и поевтин пристап до опциите за поправка на производите кои технички можат да се поправат и кога гаранцијата ќе истече. Трговците би биле обврзани да обезбедат поправка, освен кога таа чини повеќе од замената со нов производ. Во текот на последните децении, често е бирана замена наместо поправка. Потрошувачите немаа доволно стимулација да го поправат својот производ кога ќе му истече гаранцијата. Се верува дека, доколку предлогот биде усвоен, поголемата побарувачка ќе го раздвижи сеторот за поправки, а производителите и продавачите ќе започнат да развиваат одржливи деловни модели, базирани на моделот на циркуларна економија. Овој предлог е првата директна иницијатива на ЕУ во насока на подигање на свеста на потрошувачите за можностите за поправка на производите. Директивата пропишува и обврска за земјите членки да направат веб платформа на која ќе бидат наведени сервисите и купувачите на половни и расипани производи.