Европската Комисија ја претстави првата серија на правила согласно одржлива, зелена финансиска таксономија, наведувајќи детални технички критериуми кои компаниите мора да ги почитуваат како услов за добивање на т.н етикета на зелени вложувања во ЕУ. Правилникот за таксономија воведува систем на означување на вложувањата кои би можеле да пренасочат стотици милијарди во индустрии и компании кои за сите или за дел од своите активности ќе добијат ознака за одржливост. Опфаќа 13 сектори, вклучувајќи обновливи извори на енергија, сообраќај, шумарство, производство, згради, па дури и уметност, кои заедно сочинуваат речиси 80% од емисиите на стакленички гасови во ЕУ. Одлуката во врска со природниот гас и нуклеарната енергија, двата најспорни аспекти на таксономијата, е одложена, и ќе биде одвоено обработувана. Во однос на енергијата, таксономијата дефинира два клучни прага. Според досегашните сознанија, тука е нискиот праг од 100gCO2 /kWh под кој технологиите за производство на енергија можат да се зметаат за одржливи. Со тоа се исклучуваат јагленот но и природниот гас од ознаката за зелени вложувања, дури и во случај на поетоење на технологија за зафаќање и складирање на јаглерод (CCS). Вториот, повисок праг е поставен на 270g CO2 /kWh, и ги определува енергетските технологии за кои се смета дека нанесуваат „значителна штета“ на животната средина. За да се исполнат амбициозните климатски цели на Унијата, потребни се дури 350 милијарди евра дополнителни вложувања во наредната деценија, а гглавнината на тие вложувања, јавни и приватни, ќе се води токму од таксономијата.
После жестоките контроверзи, гасот и нуклеарната енергија се изоставени од претставените предлози. Нафтениот гигант BP, веќе лобира во ЕУ со цел олабавување на критериумите за она што се квалификува како одржлив извор на енергија. Таксономијата опишув акои економски актиности се во согласност со Парискиот договор, а целта е да се ограничи глобалното загревање на 1,5 ° C. Шумарството и биоенергијата се сепак вклучени, а тамошните правила ќе се ажурираат во согласност со претстојната шумарска стратегија на ЕУ и ревидираната Директива за обновлива енергија, која ќе биде поднесена во јуни. Според моменталните правила на ЕУ, биоенергијата се смета за јаглеродно неутрална, но еколозите силно се противат, бидејќи тоа поттикнува користење на голема количина на дрвна биомаса во производството на електрична енергија – greenwashing. Гасната индустрија ја поздрави одлуката на ЕУ да се донесе посебно законодавство за гасот, велејќи дека тог потег претставува „прилика да се оди чекор понапред против климатските промени“. Во меѓувреме, правилата кои ги покриваат вложувањата во водород и биометан, ќе помогнат во остварувањето на климатските цели на ЕУ.