Насловна / Вести / ЕУ ја „лечи“ зависноста на тинејџерите од социјалните мрежи

ЕУ ја „лечи“ зависноста на тинејџерите од социјалните мрежи

Европската унија планира да ги натера социјалните мрежи да отворат свои системи за контрола и да докажат како даваат се од себе нивните производи да не им наштетуваат на децата. Имено, ЕУ ќе превземе одлучни чекори преку својот Закон за дигитални услуги (DSA), до крајот на овој месец да ги обврзе на тоа најголемите онлајн платформи. Франција бара да се инсталира систем за родителска контрола, кој ќе може да се активира со вклучување на уредот. И Кина сака да го ограничи времето пред екранот на 40 минути за деца помлади од осум години, додека американската држава Јута вовела дигитален поличиски час за малолетници и согласност на родителите за користење на социјални мрежи.

dsa1

За точната врска помеѓу употребата на социјалните мрежи и менталното здравје на тинејџерите, се уште се расправа. Се споменува дека овие дигитални гиганти заработуваат така што привлекуваат нечие внимание и го задржуваат што е можно подолго, собирајќи притоа пари од огласувачите. Со други зборови доведуваат до сличен ефект кој врз човекот го имаат „слот“ машините. Несомнено станува збор за тежок предизвик и за возрасните, но кај чувствителните млади луѓе доведува до сериозни негативни последици ккао анксиозност, депресија, лоша концентрација и сл.

dsa2

 

Испрати коментар

Scroll To Top