Насловна / Вести / ЕУ издвојува 175,9 милиони евра за 200km/h по пругата Белград – Ниш

ЕУ издвојува 175,9 милиони евра за 200km/h по пругата Белград – Ниш

Меѓу седумте нови проекти во Србија од областа на енергетиката, заштитата на животната средина и сообраќајната инфраструктура, кои имаат финансиска поддршка од Европската унија, се најде и пругата Белград – Ниш. Станува збор за реконструкција која треба да овозможи поефикасен и побрз железнички сообраќај на оваа релација.  Ова го соопшти амдасадорот на ЕУ во Белград, Емануел Жиофре, истакнувајќи дека станува збор за голема и значајна инвестиција. Од организацијата „ЕУ за тебе“ велат дека за делницата Параќин – Меѓурово, во должина од 48,3 километри ќе бидат издвоени 175,9 милиони евра.

bgnis1

Согласно проектот, планирана е изградба на пруга со два колосека, вклучувајќи електрификација, сигнализација и телекомуникасиски систем. Со оваа реконструкција ќе се овозможи возовите на релацјата Белград – Ниш да сообраќаат со брзина од 200km/h. Планираниот рок за завршување на проектот е 2026 година, а неодамна беше завршена и пуштена во сообраќај брзата пруга Белград – Нови Сад, исто така со брзини до 200km/h.

bgnis3

 

Испрати коментар

Scroll To Top