Европската комисја одобри трет голем проект од заеднички европски интерес (IPCEI) за поддршка на инфраструктурата за водород. Идејата е да се зголеми снабдувањето со обновлив водород, што ќе ја намали зависноста од природен гас и ќе придонесе за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, планот REPowerEU и Стратегијата на ЕУ за водород. Овој проект наречен IPCEI Hy2Infra, заедно го подготвиле и пријавиле Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Португалија и Словачка. Овие земји можат да исплатат вкупно 6,9 милијарди евра државна помош, а со тоа би привлекле уште 5,4 милијарди евра приватни инвестиции.
Во склоп на проектот, преку 33 подпроекти ќе учествуваат 32 компании . Целта е да се овозможи намалување на емисиите на јаглерод диоксид во повеќе сектори. IPCEI Hy2Infra ќе покрие повеќе инвестиции низ целиот вредносен синџир на водородот, меѓу кои:
- инсталирање на големи електролизери со вкупна моќност од 3,2 GW за производство на зелен водород
- поставување на нови и реконструирани цевководи за пренос и дистрибуција на водород со вкупна должина од 2.700 километри