Насловна / Вести / ЕУ: И натаму растат трошоците за заштита на животната средина

ЕУ: И натаму растат трошоците за заштита на животната средина

За заштита на животната средина, во Европската Унија биле потрошени 292 милијарди евра во 2021 година. Притоа, посебно е интересно да се истакне дека овие трошоци бележат раст од просечно 3% на годишно ниво, па во однос на 2006 година, лани биле повисоки за дури 54%. Ако се анализира нивниот удел во бруто домашниот производ (БДП), тој е релативно стабилен. Со други зборови, издатоците за заштита на животната средина сочинувале приближно 2% од БДП, во текот на последните 15 години, покажуваат податоците од Eurostat.

environment1

Eurostat проценува дека во 2021 година, управувањето со отпад и прочистувањето на отпадни води изнесувале 28% односно 23% од вкупните расходи за заштита на животната средина. Инвестициите на ЕУ во инфраструктура од областа на заштитата на животната средина лани изнесувале 59 милијарди евра, што е за 5 милијарди повеќе од 2020 година.

environmental2

Испрати коментар

Scroll To Top