Насловна / Вести / ЕУ ги забранува производите кои користат додадена микропластика

ЕУ ги забранува производите кои користат додадена микропластика

Кога еднаш ќе заврши во животната средина, микропластиката не може да се разгради или да се отстрани. Така таа се акумулира во животните и рибите, па луѓето ја внесуваат во оргаизмот преку исхраната, истакнува Европската Комисија. Со забраната намерно додадената микропластика во производите, се решава еден сериозен проблем по животната средина и здравјето на луѓето, изјавил Европскиот комесар за животна средина, океани и рибарство Виргиниус Синкевичиус. Микропластиката се наоѓа во морињата, реките и на копното, како и во храната и водата за пиење. Оваа мерка претставува значаен чекор во намалување на загадувањето предизвикано од човекот.

microplastic2

Дефиницијата за микропластиката која се користи во новиот пропис, ги опфаќа сите честички од синтетички полимери со големина помала од 5 милиметри, кои се нерастворливи и нерзградиви, се вели во соопштението на Европската комисија. Вкупните трошоци по сите заинтересирани страни, индустрија, спортски клубови и општини, се проценуваат на околу 19 милијарди евра во наредните 20 години, но Европската агенција за хемикалии (European Chemicals Agency – ECHA) утврдила дека тие се пропорционални со очекуваната корист за животната средина.  Забраната ја опфаќа козметиката во која микропластиката се користи за различни намени како што е пилинг или добивање на одредена текстура, потоа детергенти, омекнувачи, ѓубрива, средства за заштита на растенијата, играчки, лекови и медицински уреди. Ќе биде забранет и гранулатот за исполнување на вештачките подлоги за спортски терени. Забраната за некои производи ќе стапи на сила 20 дена од усвојувањето, а за некои ќе има период на прилагодување од 4 до 12 години.

microplastic3

 

Испрати коментар

Scroll To Top