Насловна / Вести / ЕУ ги усвои правилата за преодниот период на CBAM, кој започнува на први октомври

ЕУ ги усвои правилата за преодниот период на CBAM, кој започнува на први октомври

Примената на механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (Carbon Border Adjustement Mechanism – CBAM), ќе започне во 2026 година и претставува данок кој ќе се наплатува на електрилната енергија, алуминиумот, цементот, ѓубривото, железото и челикот кои се увезени во ЕУ од земјите во кои не постои ваков данок. Овој данок ќе има големо влијание на компаниите од споменатите сектори, во земјите надвор од ЕУ, вклучувајќи ги и оние од Балканот. Преодната фаза почнува веќе на први октомври годинава. Уредбата за имплементација детално ги пропишува преодните обврски за известување во однос на јаглеродните емисии, како и преодната методологија за пресметка на емисиите во процесот на производство на одделните производи. Во преоднат фаза, компаниите ќе имаат обврска само да известиуваат за овие емисии, без никакви финансиски давачки во вид на данок.

cbam1

Европската комисија смета дека преодната фаза ќе даде доволно време на компаниите да се подготват за почетокот на наплатување на овој данок од 2026 година, а истовремено ќе овозможи подобрување на актуелната методологија. Дополнителна помош ќе обезбедат и IT алатките за пресметка ан емисиите и известување, како и обуки, вебинари и упатства. Компаниите ќе имаат обврска да почнат да собираат податоци за четвртиот квартал, а првиот рок за испраќање на извештај ќе биде 31 јануари 2024 година. Прекуграничната такса односно данок на CO2 е еден од централните столбови на амбициозната агенда Fit for 55.

CBAM

Испрати коментар

Scroll To Top