Европската унија побарала од компаниите поврзани со социјалните медиуми, меѓу кои се и Google и Facebook, веднаш да почнат да ги означуваат содржините кои се генерирани од страна на вештачката интелигенција (AI). Истовремено, Брисел го предупреди Twitter дека ќе се соочи со санкции доколку не се усклади со новите закони за дигитални содржини, кои стапуваат на сила на 25-ти август во сите земји од ЕУ.
ЕУ дополнително има побарано од Facebook и други платформи и да вложат повеќе средства во проверка на точноста на информациите на јазиците на малцинствата и во источна Европа, бидејќи Брисел смета дека „руските кампањи за дезинформирање“ претставуваат закана.