Насловна / Вести / ЕУ бара „чисти“ возила особено за јавниот превоз

ЕУ бара „чисти“ возила особено за јавниот превоз

Европскиот парламент ја поддржа идејата за измена на Директивата за промоција на „чисти“ и енергетски ефикасни возила во патниот сообраќај. Посебен фокус е ставен на прашањето на набавка на возила за јавниот превоз, бидејќи тој учествува со 60% од загадувањето предизвикано од сообраќајот. Во извештајот се истакнува дека јавните вложувања во „чисти“ возила ќе имаат директен бенефит за почист воздух за граѓаните, со што ќе може да се решаваат долготрајните проблеми со загадениот воздух. Европскиот Парламент во својот предлог се залага за удел од 75% „чисти“ возила во јавниот превоз, но паралелно со електричниот погон, се залага и за користење на биогорива. Секретарот на Европската Комисија за сообраќај, Виолета Булц, ги оцени овие измени како „голем чекор кон декарбонизација на мобилноста“.

mobility1

mobility2

Испрати коментар

Scroll To Top