Насловна / Вести / Етно селото кај Нерези во завршна фаза на изработка

Етно селото кај Нерези во завршна фаза на изработка

etno selo skopje_06

Во тек се завршните градежни работи на проектот „Македонско село“ кај манастирот Св. Пантелејмон во Горно Нерези, а Министерството за економија пред два месеци ја одбра фирмата „Тренд инвест“ за концесионер кој ќе стопанисува со комплексот. „Тренд инвест“ ќе ги врши хотелиерските, угостителските, туристичките и занаетчиските дејности, продажбата на сувенири и производството на храна. Изградбата на „Македонско село“, кое се состои од автентични куќи од разни краишта на Македонија, ја чинеше државата 5,4 милиони евра.

Проектот „Македонско село“ се гради повеќе од две години, при што градежните работи ги врши „АК Инвест“ од Тетово, надзорот го реализира „Евро консалтинг“ од Скопје, a eнтериерното уредување на традиционалните македонски куќи треба да го изврши фирмата „Бауер БГ“ од Скопје. Наградени и откупени трудови, на конкурсот за етно селото, се проектите на „Боград“ од Струга и „МС Проект Инженеринг” од Скопје.

etno selo skopje_12etno selo skopje_11etno selo skopje_10etno selo skopje_09etno selo skopje_08etno selo skopje_07etno selo skopje_05etno selo skopje_04etno selo skopje_03etno selo skopje_02etno selo skopje_01

 

Испрати коментар

Scroll To Top