Минатата недела, Етиопија започна да произведува електрична енергија од својата неколку милијарди долари вредна инвестиција – новата хидроцентрала на реката Нил. Но, соседните Египет и Судан се загрижени дека со работата на овој енергетски капацитет, ќе се предизвика помал проток низводно.
Владата ан Египет тврди дека новите околности сигурно нема да наштетат на интересите на Судан и Египет, а дека инвестицијата има огромно значење за енергетските прилики во Етиопија и за економскиот развој на земјата. Имено, Етиопија како втора земја по бројот на население во Африка, го има вториот најголем енергетски дефицит на континентот според податоците од Светска банка. Проектот има инсталиран капацитет од 5.150MW и чини 5 милијарди американски долари, а дел од произведената енергија ќе се извезува во соседните земји.