Насловна / Вести / Етиопија ја доби првата трамвајска линија

Етиопија ја доби првата трамвајска линија

Tramvaj vo Etiopija2

Властите во главниот град на Етиопија, Адис Абеба неодамна ја пуштија во сообраќај првата трамвајска линија не само во таа земја туку и во цела Субсахарска Африка. Воведувањето на трамвај е проект што во голема мера е финансиран од Кина, што се смета за важен чекор на соработка. Двете трамвајски линии долги 34 километри и со капацитет од 60.000 патници дневно, ги изгради Кинеската железничка градежна компанија (China Railway Engineering Corporation). Вредноста на инвестицијата е 475 милиони долари од кои 85% се финансирани од страна на кинеската „Ексим банка“.

Tramvaj vo Etiopija1
Трамвајскиот превоз го субвенционира државата, а цената на  билетите, во зависност од должината на  патувањето, изнесува од 0,08 до 0,25 евра.

Трамваите за кои шините и останата опрема се поставувани три години, ќе го олесни превозот на  петте милиони жители на  Адис Абеба кои досега користеле застарени и лошо одржувани автобуси и комбиња.

TRamvaj vo Etiopija
Во текот на последната предизборна кампања, во мај оваа година, државната власт повторуваше дека   трамвајот е  „симбол на модернизацијата и симбол на нова Етиопија“.

Владата во Етиопија се потпира на Кина и во врска  со други големи проекти: железница, автопати, хидроцентрали и сл.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top