Насловна / Вести / „Етихад“ ќе им позајмува ајпедови на патниците, по забраната на САД

„Етихад“ ќе им позајмува ајпедови на патниците, по забраната на САД

Компанијата „Етихад ервејс“, која е погодена со забраната за електронски уреди во рачниот багаж на летови за САД, најави дека ќе им позајмува ајпедови (iPads) на своите патници со највисоки патни трошоци.

Од „Етихад“ наведуваат дека од 2 април ќе нудат свои таблети на патниците на летови за САД во првата и бизнис класа, со ваучер за бесплатен вај-фај интернет.etihad wifi

Владата на САД минатата недела воведе забрана за патниците од 10 градови на Блискиот Исток и Северна Африка во рачниот багаж да носат електронски уреди поголеми од мобилен телефон на летови поврзани за САД, со исклучок на медицински помагала.

Етихад во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, е меѓу градовите опфатени со забраната на Владата на САД.

Испрати коментар

Scroll To Top