Насловна / Арт и дизајн / EthnoCube – ултрамодерна проекција на македонскиот бит

EthnoCube – ултрамодерна проекција на македонскиот бит

ethnocube&tanja

EthnoCube на Тања Добровоцки,  претставува светол пример на функционално осмислен современ дизајн на парче мебел, со индустриски, чист лик, каде рефлексијата на традиционалните елементи нашла своевидна ултрамодерна проекција. Восхитува умешноста на авторот во осовременување на традиционалниот македонски колорит и прекрасните геометриски шари и орнаменти.

tanja6154_r

Тања Добровоцки e млад дипломиран инженер архитект, но со голема страст кон дизајнот и пронаоѓање начини како истиот да се примени во секојдневните објекти. EthnoCube настанува како спој на традициoналното со модерното. Главната идеја на EthnoCube претставува дизајн на парче мебел, кое ќе може да се менува според современите потреби.

tanja6269_r

Масата е составена од 101 дрвена коцка, секоја од нив со димензии 8 х 8 х 8 cm. Инспирирана од раскошниот и колоритен македонски вез, Добровоцки ги обојува коцките со најкарактеристичните македонски бои: црвената, црната и белата. Трансформациите се добиваат со промена на местата на коцките и преку најразлични можности на игра со нивните бои се создаваат нови, уникатни комбинации на шари, не само од македонскиот вез.

Collage ethnocube

Collage transformation ethnocube

Додавајќи или одземајќи коцки по вертикала, висината на масата може да варира од 8, 16, 24, 32, 40, па се до 48 cm висина, што претставува уште еден функционален квалитет на дизајнот на EthnoCube. На тој начин, може секој да направи уникатен изглед на оваа масичка, приспособувајќи ја за различни конотации на просторот: дом, канцеларија или кафе-бар.

Collage ethnocube spoj
Особено интересно е вниманието што го освои постерот на EthnoCube, на германската дизајнерска сцена, кој беше изложен зимскиот период на преминот од 2013 кон 2014 год. во Prima Center Berlin, како дел од изложбата “Das Ist Walter”. На организираното гласање во склоп на самата изложба, Тања Добровоцки доби најголем број на гласови и награда за изложба во истата галерија Prima Center Berlin, во октомври 2014 година.

EthnoCube- Das ist Walter-01_r
Видеото за EthnoCube претставува креативен продукт од заемната соработка на Тања и Zootrop Studio. Во него на креативен начин се прикажува идејата за модификација на изгледот на масата.

ETHNOCUBE from ZOOTROP studio on Vimeo.

Испрати коментар

Scroll To Top