Насловна / Вести / Ете за нешто и Балканците се во право! Најголем дел од светот погрешно ги користи подвижните скали, но не и ние

Ете за нешто и Балканците се во право! Најголем дел од светот погрешно ги користи подвижните скали, но не и ние

Правилата на доброто однесување налагаат речиси во сите делови од светот, да се стои на десната страна од ескалаторите, додека на левата минуваат оние кои брзаат, или обратно. Но, едната половина од подвижните скали секако мора да остане слободна. Кај нас, вообичаено се застанува на средината и се заборава на тоа дека некој зад Вас можеби би сакал да мине малку побрзо, но според правилата на производителите токму ова е правилниот начин на користење на подвижните скали.

escal1

escal2

 

Убавото однесување му штети на механизмот на скалите, бидејќи поради тежината тие се навалуваат повеќе на едната страна. На пример, во метрото во Нанџинг во Кина, дури 95% од скалите се оштетни бидејќи целата тежина е на десната страна. Стручњаците пресметале дека луѓето кои одат наместо да стојат на ескалаторите, ги успоруваат другите патници. Во случај кога на секое скалило ќе стојат по двајца, како што е предвидено, теоретски на час би минале 13.500 луѓе, но „одејќи“ тие засемаат три скалила по лице и така го намалуваат првично пресметаниот број за речиси половина. Од друга страна, не се реткост ниту несреќите на ескалаторите. Една студија во Монтреал покажува дека годишно се повредуваат околу 10.000 луѓе. Во Токио, над 60% од сите несреќи се случиле поради одење односно трчање по ескалаторите.

escal3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top