Естонија е првата земја во светот која покренала иницијатива за интегрирање на повеќе алатки од вештачката интелигенција специјализирани за образование во националниот образовен систем. Ова го објавија Естонската влада, OpenAI и Anthropic. Од 01.09.2025, односно од почетокот на новата школска година, 20.000 ученици од средните училишта и нивните 3.000 наставници би требало да имаат слободен пристап до ChatGPT Edu, алатка на компанијата OpenAI, како и до други алатки од овој вид. Планирано е следната година програмата да се прошири и на стручните училишта, што значи уште 38.000 ученици и 2.000 наставници.
Програмата ќе биде финансирана од страна на приватната фондација AI Leap, која е развиена од Дигиталниот совет и Министерството за образование и истражувања на Естонија, и во која учестуваат и бројни претприемачи. Се истакнува дека специфичните задачи, членови и модели на финасирање на фондацијата ќе бидат договорени во март.