Естонската компанија Fermi Energia, ја одбрала компанијата GE Hitachi Nuclear Energy (GEH) за имплементирање на првата нуклеарна електрана во естонија. Компанијата GEH би требало на почетокот на следната деценија да го пушти во работа својот мал модуларен реактор BWRX-300 (SMR) на територијата на Естонија. За започнување на изградбата, потребно е парламентот да го одобри користењето на нуклеарната енергија во земјата.
Во септември 2022 година, претставници на Fermi Energia соопштија дека на тендерот за имплементација на првата нуклеарна електрана во Естонија ќе се рагледуваат тројца понудувачи, при што критериумите за избор ќе бидат технолошката зрелост, воспоставувањето на референтен погон, економската конкурентност и учеството на естонските компании во синџирот на снабдување. Fermi Energia неодамна ја објави компанијата GEH коко победнички понудувач и соопшти дека ќе се потпише договор за развој на проектот. GEH и Fermi Energia соработуваат од 2019 година, кога е постигнат договор за соработка на потенцијалните можности за примена на BWRX-300. Соработката напредувала во 2021 година преку заедничката работа во клучните области кои вклучуваат поддршка во лиценцирањето и развојот на синџирите на снабдување. Fermi Energia е основана од страна на естонските стручњаци за енергетика и нуклеарна енергија, со цел да ја развијат примената на SMR во Естонија. Во јули 2019 година, компанијата покрена изработка на физибилити студија за соодветноста на SMR за снабдување на Естонија со електрична енергија во согласност со климатските цели после 2030 година.