Насловна / Вести / Естетски смело обликуван стан во Белград

Естетски смело обликуван стан во Белград

Проектот „Апартман СС“ подразбира детална адаптација на стан лоциран на Баново Брдо во Белград, во станбена зграда од 60-тите години на минатиот век. Работите траеле речиси една година и вклучувале проектирање, надзор на изведбата и дизајн на мебел. Архитектицата Сара Димитријевиќ, автор на проектот, ја доби наградата на 41-от салон за архитектура во Белград во категоријата „Ентериер“, кој се одржа минатата година.

1_resize 2_resize 3_resize

Клиент е млада кореографка, чија желба била да го трансформира запоставениот и старомоден стан, речиси непроменет од времето кога е изграден, во силно персонализиран, модерен и естетски смело обликуван амбиент за живеење.

Функционалните барања биле на релативно мала површина, од 51 метар квадратен, да се постави влезен хол со гардероба, кујна со кујнски остров и трпезарија, спална соба со просторија за шминкање и гардеробер и дневна соба.

4_resize 5_resize

Така, оригиналниот простор на кујната и трпезаријата станале спална соба со просторија за шминкање, а кујнската оставата е претворена во гардероба. На овој начин е заокружена интимната ноќна зона. Бањата ја задржала позицијата, но проширена е и поделена на две зони: утилити со тоалет и зона со туш и мијалник. Некогаш дневната соба ориентирана кон исток, станала кујна со трпезарија, а западно ориентираната спалната соба станала дневна соба.

6_resize 7_resize

Користењето на двострана ориентација на станот, што овозможува негово согледување во ширина и максимално осветлување, постигнато е со отстранување или застаклување на внатрешните врати и sидови.

8_resize 9_resize

Секоја соба е третирана како посебна амбиентална целина, што го става посетителот во возбудлива улога на патник низ непознати пејзажи на тактилност, чувства, илузии, рефлексии и асоцијации.

10_resize 11_resize

Како што наведува Сара Димитријевиќ, инспирацијаи биле филмовите, Blue Velvet (D.Lynch), Dreams (A.Kurosawa) и архитектите Acne Studios (Christian Halleröd Design) и Јоже Плечник (Факултет за архитектура Љубљана).

12_resize 13_resize 14_resize 15_resize

Испрати коментар

Scroll To Top