Европското фудбалско првенство кое е во тек и кое ќе трае до 14-ти јули, претендира да стане најодржливото натпреварување од овој вид досега. Активностите во насока на достигнување на овој резултат ги спроведуваат UEFA во партнерство со Германскиот фудбалски сојуз (DFB). Со цел ова спортско натпреварување на биде во склад со заштитата на животната средина, општествената одговорност и корпоративното управување (ESG), пред една година усвоена е стратегијата UEFA EURO 2024, која е усогласена со Старегијата за одржливост на фудбалот UEFA 2030.
ESG стратегијата се состои од три столба поврзани со 11 области на дејствување, кои поддржуваат 28 теми, 48 цели и 83 клучни индикатори на перформансите. За да се намали јаглеродниот отпечаток на посетителите, влезниците за натпреварите ќе може да се користат 36 часа на денот на натпреварот за јавен превоз, достапна е услугата за EURO 2024 InterRail билет во соработка со европските партнери, редуциран е бројот на достапни паркинг места на стадионите и сл. Правилата се однесуваат и на самите национални тимови, па меѓу другото распоредот на натпреварите е прилагоден така што ќе продонесе за намалување на емисиите, а од секој тим се очекува да го имплементира планот за намалување на емисии.
Општествената одговорност се применува преку превенција и борба против сите облици на дискриминација, поттикнување на физичка активност и понуда на здрава храна и пијалоци, како и промовирање на солиддарноста. Што се однесува до корпоративното управување, целта е економска транспарентност и промоција на образованието. UEFA се обврзала по завршување на првенството да објави извештај за ESG, во кој ќе биде наведено дали и во која мера се исполнети зададените цели.