Насловна / Хортикултура / Есенско складирање на луковиците од лалињата

Есенско складирање на луковиците од лалињата

Правилното одгледување на лалињата наложува луковиците да се откопуваат и да се складираат на суво место, за да не дојде до нивно инфицирање особено во услови на зголемена влага. Најдобар период за оваа операција е во есен кога листовите на дрвјата почнуваат да пожолтуваат. Во тој период лушпите на старите луковици се стврднати и тие не може повеќе да се хранат. На нејзиното место се образуваат нови луковици. Повторното садење на луковиците во градината најдобро е да биде рано на пролет.
tulips
При вадењето на луковиците од земја треба внимателно да се прегледаат дали има оштетувања од болести кои се развиваат по вегетацијата. Најчеста болест по лалето е сивото гниење кое е предизвикано од габата Botrytis tulipae. Заразата започнува на дел од луковицта, по што се шири многу брзо. Доколку се отстрани лушпата од инфицираната луковица се забележуваат жолто-кафени дамки.
sivo gnienje
Луковиците може да бидат заразени и од фузариумово гниење, причинето од габата Fusarium oxysporum. Од почвата преку корењата навлегува во растението. Гниењето започнува од дното и се проширува нагоре. Во натрешноста на инфицираните лушпи се забележуваат жолто-кафени дамки, внатрешноста е омекната, а на лушпите се забележуваат розеникави спори.
fuzarium na lale
Фитофторното гниење, кое е причинето од Phytophtora cryptogea, е исто така честа појава кај луковиците. Оваа инфекција е карактеристична по бледо-кафените вдлабнати дамки. Луковиците се прекриени со бел прашак и многу брзо угинуваат. Склероцијното гниење е причинето од габата Sclerotium tuliparum. Симптомите кај заболените луковици се гледа по лушпите. Најчесто тие потемнуваат и брзо угинуваат. Во горниот дел им се појавува бел прав и кафени и црни склероции кои претставуваат плодните тела од габата.
Доколку при собирање на есенските луковици забележите некој од споменатите симптоми, најдобро е инфицираните луковици веднаш да се фрлат, затоа што дури и складирани габите може да им наштетат на здравите луковици.

Испрати коментар

Scroll To Top