Општина Центар денес ја започне есенската дератизација со која се опфатени јавните површини на целата територија на општината.
За уништување на штетните глодари ќе бидат дератизирани 1600 шахти на фекалната канализација. Со дератизацијата ќе бидат опфатени и сите градинки, основни училишта и објекти од јавен интерес на територија на општина Центар.
Дератизацијата ќе ја изведува Ј.З.У. Центар за јавно здравје – Скопје и според плановите, треба да заврши до крај на месец октомври.