Сместена во богата природна средина во ридовите на Палава, Чешка, винаријата Přátelé Pavlova (Пријателите на Павлов) дизајнирана од Atelier Štěpán, е винарија посветена на природноста и едноставноста.
Винаријата е дел од лозјата Slunný vrch, со поглед на реката Dyje и акумулациите Novomlýnské, каде што целиот околен пејзаж, како и благиот рејлеф каде објектот егзистира, припаѓаат на заштитено пејзажно подрачје. Овие услови детерминираат дека интервенцијата во просторотќе се случи според многу специфични упатства каде што дизајнот ги користи природните влијанија.
Корелацијата помеѓу модерните технологии и веќе етаблираните градителски принципи беше клучна при реализација на проектот Atelier Štěpán, истовремено на ниво на дизајн и на материјал.
Проектот се состои од хоризонтален волумен со структура, која е интегрирана во пејсажот. Неговата структура го следи модулот од 6×6 метри, која се однесува рационално кон употребата на градежни материјали и овозможува можност за градење со локални ресурси.
Винаријата Přátelé Pavlova (Пријателите на Павлов) се наоѓа во лозје на благата североисточна падина на ридовите Палава со прекрасен поглед на долината на реката Dyje и резервоарите Novomlýnské. Се вклопува во пејзажот, без да привлекува особено внимание. Во исто време, има многу рационална структура, инспирирана од плевните во околниот контекст.
Зградата е дизајнирана со искористување на природните влијанија (засенчување, настрешници на покривот, доминација на природна вентилација, артикулација на материјали, вградени во земјата, задржување на водата), надополнети со извор на топлина и студ. Би можело да се каже дека на рустикално-еколошки начин, односно со оглед на корелацијата помеѓу современите технологии и античките принципи. Објектот ја рефлектира идејата за медитеранската култура и сонцето. Тоа е логична врска, ако се земе во предвид дека Римјаните некогаш основале лозја во Палава.
Тектониката на зградата е инспирирана од античките архитрави и табла. Лиени бетонски столбови со додаток на варовник поддржуваат дрвен покрив составен од нормално наредени елементи. Колку се повисоки, толку конструктивните елементи се посуптилни. Самиот покрив е обраснат со вегетација за да се вклопи со пејзажот.
Во време кога се градат спектакуларни винарии, оваа е посветена на природноста и едноставноста. На посетителите им е обезбедена соба за дегустација со поглед на замокот и водата. Сè останато од капацитети преостанува за производство и складирање на виното.