Насловна / Вести / Есен е „зелена престолнина“ на Европа за 2017 година

Есен е „зелена престолнина“ на Европа за 2017 година

Esen

Германскиот град Есен ја понесе титулата „зелена престолнина“ на Европа за 2017 година, која ја доделува Европската комисија. На овој начин, на Есен му се укажува признание за транзицијата од загаден рударски центар во град познат по зелената економија.

Esen zelen grad

Наградата го нагласува и значењето на активностите од областа на климатските промени, во согласност со подготовките за наредната конференција на оваа тема COP23 која во ноември 2017 ќе се одржи во Бон.

Esen zelen evropski grad

По повод ова признание, градоначалникот на Есен изјави: „Титулата е моќно препознавање на Есен како место значајно за заштита на животната средина и заштита на климата. Се надеваме дека конференцијата за климатските промени во Бон, и Есен како „зелена престолнина“, може да бидат позитивен импулс за промени ширум Европа и светот“.

Esen zelen evropski grad1

Инаку, во минатото Есен бил еден од најглавните рударски центри за експлоатација на јаглен. Но, со цел да се сочува специфичниот биодиверзитет, изградени се зелени коридори и освежена е реката Емшер. Во некогашната индустриска област на фабриката за челик Krupp, изградени се рекреативни центри и велосипедски патеки. До 2020 год., Есен планира да ја намали емисијата на CO2 до 40% . Емисиите на CO2 веќе се намалени за 29,5% до 2011, споредено со референтната 1990 година.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top