Столот е еден од најголемите предизвици кога станува збор за дизајнот на мебелот.
Тоа е една од задачите што најчесто им се поставува на студентите по дизајн, пред се затоа што „повторното измислување“ на нешто што постои во неверојатен број варијанти е скоро невозможно. „Сано“ покажува дека има уште многу простор за иновации. Столот, наречен „Сано“, е парче мебел што овозможува уникатно седење.
Специјално дизајнираниот дел од седиштето на овој стол, „извршува посебни движења“ што го поедноставуваат начинот на седење и истовремено овозможуваат поддршка додека се станува. За ова треба да му се заблагодари на еластичниот елипсоид, кој може да се надополни по потреба и да се прилагоди со ослободување на воздух. Дополнителен воздух значи поголема поддршка при седење или станување, што го прави овој стол најдобар пријател на сите оние кои имаат проблеми со зглобовите.
Висината на столчето создава поотворен агол во внатрешноста на колената и колковите во споредба со класичните столици, што значи дека овој ергономски стол е поздрав избор за секојдневна употреба. Дизајнерското трио сакале да направи парче мебел што ќе го направи процесот на седење и станување поактивен. Во исто време, нивната мисија била да обезбедат можност за различни возрасни групи да уживаат подеднакво додека седат, но и кога треба да станат од своите столици. Минималистичкиот дизајн на овој стол го прави лесно да се вклопи во широк спектар на ентериери.
Столот „Сано“ им нуди на клиентите опција поприфатлива и попогодна за поставување во голем број објекти како што се ресторани или чекални. Тоа на некој начин го „подигнува“ искуството за седење и станување на повисоко ниво.