Насловна / Архитектура / Ердоган ја посети Аја Софија која е претворена во џамија

Ердоган ја посети Аја Софија која е претворена во џамија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера беше во Аја Софија во Истанбул, прв пат откако минатата недела е претворена од музеј во џамија.

Ердоган ги набљудувал работите на претворањето на објектот во џамија, соопшти неговиот кабинет, кој објави фотографии сликани внатре во Аја Софија.

Веќе за неколку дена, во петок, предвидена е првата муслиманска молитва.

a1_resize

Државниот совет, највсокиот управен суд на Турција, пресуди минатата недела во корист на групата која бараше да се поништи одлуката на Советот на министри од 1934. година со која Аја Софија е претворена во музеј, бидејќи се сомневаат во автентичноста на потписот на основачот на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк на тој документ.

Ердоган веднаш по објавување на одлуката издаде декрет за претворање на Аја Софија во џамија.

Според наводите на верските власти, 500 луѓе ќе учествуваат на првата колективна молитва во петок во Аја Софија. Потпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, наведува дека христијанските мозаици ќе бидат прекриени со завеси во тек на молитвата.

Тој во интервјуу за НТВ изјави дека некои мозаици на Богородица и архангел Гаврил, кои се наоѓаат во правецот кон кој се свртени муслиманите во тек на молитвата, ќе бидат покриени со завеси.

а3_resize

Според неговите зборови останатите мозаици со христијански мотиви не претставуваат препрека за муслиманските верници, бидејќи се наоѓаат на други места. Но, Калин не кажа дали тие ќе останат видливи цело време.

Освен за муслиманските верници, Аја Софија ќе биде отворена за сите посетители и туристи, а сите мозаици ќе останат непокриени, велат турските власти.

Одлуката за претворање Аја Софија во џамија предизвика критики ширум светот, особено во Грчка, која византискиот период го смета за своја историја и култура.

Испрати коментар

Scroll To Top