Комапнијата за производство на авиони Ербас претстави нов дизајн на авионски кабини кој е оценет како исклучително импресивен. Целта на новата линија Ерспејс е да се подобри задоволството на патниците во четири категории: удобност, окружување, услуги и дизајн.
Новиот дизајн е со пастелни бои, пријатно и ефикасно осветлување, повеќе простор, поголеми касети за багаж и тоалети со смарт технологија.
Со новиот модел кабини ќе се опремат компаниите Делта, Гаруда Индонезија и Ер Азија, а во комерцијален сообраќај ќе бидат од 2017 година.