Британската нискотарифна авиокомпанија Easyjet се подготвува до 2027 година горивото да го замени со електрична енергија. Имено, оваа компанија започнала соработка со компанијата Wright Electric на производството на електрични авиони за редовните линии со растојанија помали од 300 милији (482 km). Од компанијата порачуваат дека електричните летови полека стануваат реалност и дека оваа иновација ќе ги направи авионите потивки, подобри во зачувувањето ан животната средина и поефтини за одржување и експлоатација.
Се проценува дека сметката за гориво на авио индустријата на глобално ниво минатата година изнесувала 180 милијарди УСД. До крајот на 2019 година, с еочекува оваа сметка да достигне 206 милијарди УСД.
Целта на компанијата е да произведе авион кој ќе има домет од барем 500 km , што би значело дека непречено ќе може да се патува на пример од Лондон до Амстердам.