„Електропривреда Србије“ (ЕПС) планира да согорува отпад во термоелектраната „Никола Тесла А“ недалеку од Обреновац. Со цел да го процени влијанието врз животната средина, компанијата побарала од Министерството за заштита на животната средина да го определи обемот и содржината на Студијата за проценка на влијанието врз животната средина.
Во изминатите години ЕПС има започнато изработка на повеќе студии и пилот проекти. Со цел да го анализира потенцијалното користење на алтернативни горива во термоелектраните на јаглен. Сепак, изработката на Студија за оценка на влијанието врз животната средина е најконкретниот потег во остварување на таа намера. Во јули 2022, ЕПС распишува тендер за изработка на инвестициско – техничка документација за ко-согорување на алтернативни горива во термоелектраните „Никола Тесла А“ (ТЕНТ А) и „Костолац Б“. Ккао вид на гориво се споменува SRF (solid recovered fuel) или гориво кое е добиено со сушење и сецкање на разни видови на цврст отпад. Пред еден месец е започната постапка за испитување на можностите за користење на биомаса во термоелектраните. ТЕНТ е најголемата термоелектрана на ЕПС со инсталирана можност од речиси 1.600MW. Проектот за согорување на алтернативни горива се стартува заради зголемување на ефикасноста на котелските постројки, модернизација на нивната работа, како и зголемување на производството на електрична енергија. Алтернативното гориво ќе се добива од комунален нерециклабилен отпад. ЕПС истакнува дека подлогата за изработка на проектна документација за потребата на спалувањето отпад во ТЕНТ, го развила компанијата Dornier Power and Heat GmbH.
Количината на алтернативно гориво кое се додава во системот за ко-согорување на блоковите, ќе изнесува 3 масени проценти, односно 5% од топлотната вредност во однос на јагленот. На овој начин, ЕПС планира да потроши 300.000 тони алтернативно гориво годишно.
Добивањето на енергија од отпад е една од алтернативите во склоп на системот за управување со отпад. Во ЕУ е вообичаена пракса, првенствено како начин да се згрижи отпадот, а не како идеја да се замени јагленот. Во регионот има неколку најави за изградба на постројки за согорување на отпад во склоп на системите за управување со отпад. Оперативни вакви постројки преку кои се добива електрична и топлинска енергија веќе имаат Словенија и Србија.