Американскиот информатички гигант „Епл“, подготвува таен проект со кој би можел да стане конкурент на произведувачот на електрични автомобили„Тесла моторс“, пренесуваат американските медиуми.
Њујоршката агенција „Блумберг“ минатата недела објави дека „Тесла моторс“ вработила околу 250 работиници на „Епл“.
Еден работник на „Епл“, кој сакал да остане анонимен, испратил порака до „Бизнис инсајдер“ во која навел дека околу 50 вработени ја напуштаат „Тесла моторс“ за да преминат во „Епл“ каде што ќе работата на нов проект, кој е доста попривлечен и носи промени.
Иако е тешко да се протолкува оваа порака, некои сметаат дека би можело да се работи за електронското возило за кое „сонуваше“ Стив Џобс, основачот на „Епл“, кој бил љубител на дизајнот на „BMW“.