Саудиска Арабија повторно е во центар на вниманието во светот на архитектурата, со најавата за новиот спектакуларен проект – облакодер наречен Epicon. Овој развоен проект ќе биде фокусиран на два футуристички облакодери.
Epicon, кој потсетува на некои од најамбициозните проекти од eVolo Skyscraper натпреварот, ќе биде лоциран на брегот на заливот „Акаба“. Помалиот облакодер ќе биде висок 225 метри, додека поголемиот 275 метри. Во нив ќе се наоѓа луксузен хотел кој ќе има тераса со базен, теретана, библиотека, салони и деловни простории. Во близина на овие облакодери ќе се наоѓа и трет, помал облакодер, чија височина сеуште не е објавена. Тој е проектиран како одморалиште на плажа и исто така ќе содржи и хотелски дел. Ќе биде богат со зеленило, а ќе има и бројни тераси и дворови. Дел од објектот се и 45 стамбени вили распоредени на плажата.
Други детали за овој проект засега не се познати, а не се знае ниту авторот, ниту рокот з аизградба. Тој е дел од амбициозниот план з апретворање на пустината во луксузна туристичка локација.